Италијанскиот бренд за машка мода „Бриони“ можеби направи неколку смени на модните дизајнери, но остана доследен на безвременската елеганција во својот израз. За сезоната пролет-лето 2020 го ангажира дизајнерот Норберт Стумпфл, кој понуди елегантни комплети, модели со доза на трендовски елементи и летна лежерност. Има костими во светли нијанси и вечерни смокинг одела со светкави сакоа, јакни од тексурирана кожа, лежерни комбинации, а преовладува концептот на распар сако и панталони. Колекцијата иако е наменета за следната пролет, некои модни идеи можете да украдете уште летово.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрени на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари