Рикардо Тиши новата машка колекција на „Барбери“ за есен-зима 2021/22 ја претстави преку видео и фотографии креирајќи визија за новата маженственост која вклучува и доза на женственост преку фустани, дебели хулахопки и многу реси. Ова е првата комплетно машка колекција на Тиши за позната британка модна куќа. Во неа дизајнерот прави омаж на британската ексцентричност. „Најиконичните британски џентлмени се оние кои играа со силата на мажественоста и женственоста преку ексцентричност. Савил Роу помешан со женска гардероба, помислете на Дејвид Боуви, Мајкл Кларк, Ли Бовери…“, вели Тиши за еклектизмот и мешањето на родовите преку облеката.
Оваа колекција гордо ја прослави субверзијата на тие херои преку изопачени кроеви и плисирани фустани, плетена облека украсена со милитаристичко поставувања на копчиња, панк-апликација во облик на британското знаме поставена на црни палта, верзии на мантили меѓу кои модел на мантил со V-изрез… Презентацијата на колекцијата се одржа во матичната продавница на „Барбери“ на улицата Риџент Стрит во Лондон, а се прикажуваше преку Инстаграм, Твич и веб-страницата.
Нема коментари