„Луксуз е да си го одвоите време за себе“ е мотото зад линијата Mr P. која произлегува од сајтот Mr Porter, машката верзија на познатиот Net-a-Porter. Овој сајт за продажба на машка мода во 2017 ја претстави оваа своја линија, а за есен-зима 2020/21 предлага класична машка облека со современ став, во духот на трите свои постулати „лесни парчиња“, „смарт детали“ и „траен стил“.
Mr. P отсекогаш бил познат по својата луксузна понуда на производи, со фокус на категоријата бизнис-облека, за оваа сезона понудата стилски е помешана со полежерен и посовремен изглед на она што се смета стандард во машкото облекување – беж капут, сиво сако, кожна јакна со елегантен крој, дебел плетен џемпер, лежерни црни панталони и чизми до глужд.
-Како што научивме од нашите клиенти, знаеме дека не сите мажи се облекуваат нужно од глава до пети во еден посебен стил, туку интегрираат луксузни со лежерни парчиња на свој начин. Најновата колекција е развиена со користење на луксузни занаетчиски техники, што ни овозможи да претставиме едно ново ниво на потценет луксуз во машкото облекувањe – велат од Mr P.
Нема коментари