#СедиДома и #СмислувајСтајлинзи со #StylistMK
Познатата актерка и пејачка Џејн Биркин важи за стилска икона уште од 70-тите години од минатиот век кога оваа Британка живееше во Париз, твореше со својот партнер Серж Генсбур и сензуално ја пееше Je t’aime… moi non plus, а во исто време го негуваше парискиот ноншалантен изглед. Нејзиното модно влијание веројатно најмногу се отсликува во тоа што е инспирација на најкултната чанта – моделот „биркин“ на модната куќа Hermès. Нејзиниот стил со децении се анализира и копира, а послужи и како инспирација за новата мини колекција на маици на брендот Massimo Dutti. Колекцијата содржи бели, беж и светлосиви маици на кои се испечатени црно-бели фотографии на Џејн Биркин, како омаж на една од најголемите модни икони на минатиот век. Овие маици одлично се вклопуваат во комбинации со фармерки и плетени торби, комбинации кои се толку многу вмечатливи за личниот стил на Биркин.
Нема коментари