• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
филм 0

„Медена земја” и Атиџе наградени на Избор на критиката за документарци во САД

Од stylist @StylistMKD · На ноември 11, 2019

honeyland (3)

Документарниот филм „Медена земја” (Honeyland) освои две награди на Избор на критиката за документарци во САД (Critics’ Choice Documentary Awards), кои беа доделени вчеравечер (10 ноември) во Њујорк. На режисерите Тамара Котевска и Љубо Стефанов им беше доделена наградата за најдобар прв документарен филм, а на главната протагонистката во документарецот – Атиџе Муратова ѝ беше врачена наградата за најпривлечен лик во документарец.

Наградите, кои ги доделува Американското здружение на критичарите, се сметаат за едни од најдобрите предвидувања на номинациите за „Оскар”, што ќе бидат соопштени во јануари 2020.

Во саботата (9 ноември), пак, беше соопштено дека „Медена земја” е номиниран за најдобар документарец на „Европските филмски награди”, кои ги доделува „Европската филмска академија”. Нашиот филм е меѓу петте кандидати за наградата – најдобар европски документарец за 2019 година. За оваа селекција одлучуваат гласовите на 3600 членови на ЕФА. Победниците ќе бидат прогласени на церемонијата што ќе се одржи на 7 декември оваа година во Берлин, Германија.

honeyland (1)

„Медена земја” деновиве освои многубројни нови престижни награди. Да потсетиме:

На 43. издание на Интернационалниот филмски фестивал во Сао Паоло, Бразил филмот доби две признанија: награда на критиката за најдобар филм во меѓународната конкуренција и награда од жири за најдобар документарец во категоријата „Нови режисери”. Ја доби и главната награда на фестивалот Festival Ânûû-rû Âboro во Нова Каледонија, Океанија, потоа „Golden Gateway”, наградата за најдобар филм во меѓународната конкуренција на Jio MAMI Mumbai Film Festival with Star во Мумбај, Индија.

Се закити со специјалната награда од жири на меѓународниот фестивал на документарен филм „West Lake” кој се одржува во Ханчоу во Кина. Следуваа: наградата од публика за најдобар филм на фестивалот во Луксембург, CinEast Festival, специјалната награда на Festival Cinemed во Монпелје, Франција и специјална награда за документарен филм на фестивалот „Девоур” во Канада.

На 64. издание на меѓународниот филмски фестивал во Ваљадолид ја доби наградата „Espiga Verde” – за најдобар филм во категоријата „Cine y Cambio Climático” во која се прикажуваа филмови кои го третираат проблемот на климатските промени и природните ресурси.

Неодамна филмот беше прикажан на „Док Лајпциг” во Лајпциг, Германија и на „Виенале”, интернационалниот филмски фестивал во Виена, Австрија.

honeyland (2)

Претстои учество на филмскиот фестивал AJYAL во Доха, Катар, и на „Синевропа” – фестивал во Сантјаго де Компостела, во Шпанија. „Медена земја” ќе биде дел и од официјалната селекција на IDFA – најголемиот фестивал за документарен филм во светот кој се одржува во Амстердам, Холандија. Тоа, воедно, ќе биде и холандска премиера на филмот.

На најпрестижниот светски настан посветен на документарниот филм кој е во организација на ИДА (Интернационалната документарна асоцијација) во САД ја доби наградата „Pare Lorentz”. „Медена земја” е номиниран во уште три категории (најдобар документарен филм, најдобра режија и најдобра кинематографија), а победниците ќе бидат објавени на 7 декември во студијата на „Парамаунт” во Лос Анџелес.

„Медена земја” е македонски кандидат за „Оскар” во категоријата најдобар странски филм. Во тек е промотивната кампања на филмот за номинации за најпрестижната филмска награда, со поддршка од Агенцијата за филм.

Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • 1 OSCARS o_38572296_1280 филм

    ОСКАРИ 2026: Филмот „Една битка по друга“ апсолутен победник, Џеси Бакли и Мајкл Б. Џордан најдобри актери

  • 2V7A7475 филм

    FilmED Филмот како образовна алатка – Разговори и работилница на Beach Film Festival

  • megalopolis филм

    Програма на јубилеи во месец октомври во Кинотека

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • sarastoi

    Македонскиот модел Сара Стои за престижниот магазин Numero Switzerland

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • Kiki-Ring-1

    Рачна изработка и премиум материјали: YOVA ја лансираше колекцијата „Блосом“ за пролет-лето 2026

    април 27, 2026
  • 1 (14)

    Мјузиклот „Као какао“ премиерно на 2 и 3 јуни во МНТ

    април 24, 2026
  • 1

    MY:TIME ја продолжува емотивната приказна „Моменти за нас“ – Пролетна порака која ќе ве натера да застанете

    април 24, 2026
  • 1hmstella

    H&M ја претставува колекцијата креирана во соработка со дизајнерката Стела Мекартни

    април 17, 2026
  • SAKURA FESTIVAL ПОСТ

    Sakura Festival: Kултурно-едукативен настан инспириран од јапонската традиција ќе се одржи во Скопје

    април 17, 2026

Убавина

  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024
  • naslovna

    Што препорачуваат дерматолозите како ефикасно решение против пигментација на кожата

    ноември 5, 2024

Живот

  • 1

    Bitola Whisky Fest: Битола како сцена, вискито како причина

    март 31, 2026
  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • winter festival

    Предновогодишнa зимска магија на Winter Festival со многу музика и улична храна пред СЦ „Борис Трајковски

    декември 24, 2025
  • Poster-so-logoa-story_1

    Денеска почнува петтото јубилејно издание на SKOPJE WHISKEY FEST

    ноември 6, 2025
  • KID-EXPO--poster

    Овој викенд е посветен на децата – Во Скопје се случува третото, најголемо и највозбудливо издание на Kid Expo

    октомври 2, 2025

Култура

  • 1 (14)

    Мјузиклот „Као какао“ премиерно на 2 и 3 јуни во МНТ

    април 24, 2026
  • SAKURA FESTIVAL ПОСТ

    Sakura Festival: Kултурно-едукативен настан инспириран од јапонската традиција ќе се одржи во Скопје

    април 17, 2026
  • ???????????????????????

    Отворањето на 54. Мајски оперски вечери распродадено за рекордни 30 минути!

    април 17, 2026
  • 1 OSCARS o_38572296_1280

    ОСКАРИ 2026: Филмот „Една битка по друга“ апсолутен победник, Џеси Бакли и Мајкл Б. Џордан најдобри актери

    март 16, 2026
  • zizel

    Романтичниот балет „Жизел“ на сцената на Националната опера и балет на 27 февруари

    февруари 19, 2026

Тагови

Vogue Инстаграм Моден викенд-Скопје Париз Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics