Само неколку часа после официјалното обjавување на свршувачката на принцот Хари и американската актерка Меган Маркл, веднаш се почувствува ‘ефектот Меган’. Откако беше откриено дека белиот капут што Маркл го носеше на официјалното фтографирање пред палатата Кенсингтон е на канадскиот бренд Line the Label, толку брзо пораснала побарувачката по овој модел што чини 450 фунти, што се срушил сајтот на брендот. Овој и сличните модели на капути на Line the Label во рок од неколку часа биле распордадени, а распродаден е и зелениот фустан што го носеше под капутчето, кој е дизајн на брендот P.A.R.O.S.H.. Чевлите што Меган ги носеше се модел на Aquazzura.
Меган подолго време живееше во Торонто, Канада, поради снимањето на серијата Suits, па таму се запознала со брендот Line the Label и често носи нивни креации. Брендот е основан во 2000 година, а меѓу клинетите се и Сара Џесика Паркер и Кејт Босворт. После вчерашната побарувачка на капутот, основачите на брендот решиле овој модел да го крстат „Меган“.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари