Војвотката од Сасекс ќе се обиде како моден дизајнер и ќе креира капсулна колекција за британскиот бренд Marks & Spencer која ќе биде со хуманитарен карактер. На колекцијата Меган ќе соработува и со стоковната куќа John Lewis, брендот Jigsaw и со нејзината пријателка, дизајнерката Миша Нону. Хуманитарната иницијатива подразбира дека на секое продадено парче облека, едно исто оди во фондацијата Smart Works, која е посветена на помошта на невработените жени. Меган e покровител на оваа непрофитна организација и при една посета забележала дека, иако донациите на облека се бројни, често модните парчиња се неспоиви и тешки за комбинирање. Согледувајќи ја потребата од складна деловна облека во организацијата, колекцијата на Меган ќе се фокусира токму на деловни модни парчиња. Smart Works им помага на жените со совети и разни вештини како да најдат работа, но и со донирање на облека која би ја носеле на интервју за работа.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрени на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари