Принцот Хари и војвотката од Сасекс Маган Маркл се појавија во Рим на гламурозната свадба на дизајнерката Миша Нону. Миша ѝ е блиска пријателка на Меган и се смета за „проводаџика“ на Хари и Меган. Миша и Меган соработуваа на модната колекција Smart Set што војвотката ја лансира неодамна.
Свадбата на Миша со бизнисменот Мајки Хес се одржа во луксузната вила Аурелија, а за оваа прилика Меган облече црн фустан со проѕирни предимензионирани ракави и украсен со ситни кристали. Овој фустан е креација на „Валентино“.
Нема коментари