Неколку дена по официјалното објавување на свршувачката на британскиот принц Хари со Меган Маркл, француското издание на Elle објави насловна страница со американската актерка која што периодов буди големо внимание. На фотографијата таа носи бело здолниште од Тони Матичевски, еден од најуспешните австралиски дизајнери и кој е со македонско потекло. Креацијата е од постара колекција, а фотографијата употребена во Elle е дел од фотосесија направена во 2015 година за австралискиот магазин Gritty Pretty.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари