Актерката Мерил Стрип (68) е на насловната страница на декемврискиот број на американски Vogue, во период кога го промовира новиот филм „Пост“ на Стивен Спилберг во кој ја глуми славната Кетрин Греам, издавач на весникот „Вашингтон пост“. Но, кога ќе спомнеме Мерил и главна уредничка, веднаш помислуваме на нејзината улога на Миранда Присли во „Ѓаволот носи Прада“. Во овој вториов филм Мерил ја глуми главната уредничка на модниот магазин Runway, што пак асоцира на ликот на Ана Винтур, легендарната уредничка на американски Vogue. Ако се сеќавате филмот е работен според истоимената книга на Лорен Вајсбергер, поранешна асистентка на Винтур и „ѓаволот“ е токму Ана Винтур.
Мерил позира на насловната на Vogue US, ама се појавува и во видео во кое оди на гости кај Ана Винтур во нејзината канцеларија и низ разговорот на духовит начин прават референци и споредби на линија Миранда Присли-Ана Винтур. Ама зборуваат и за новата улога на Мерил, за Греам која што го водеше „Вашингтон пост“ во времето на озлогласената Вотергејт афера со прислушкување, потоа за продуцентот Хари Вајнстин, за сексуалните злоставувања и за женската епанципација.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари