Виралната рекламна кампања на новозеландскиот бренд за долна облека Lonely ги урива стереотипите во модната индуструја поради заштитното лице, 56-годишната манекенка Мерси Бруер која ѝ пркоси на староста и изгледа одлично на фотографиите. Овој бренд е познат по тоа што секогаш става фокус на документирањето на жените во сите облици и големини, како во новата кампања за есен-зима 2017, но и во останатите моќни реклами – побарајте #LonelyGirlsProject за уште повеќе кампањи со самоуверени и убави жени кои често ја кршат стереотипната перцепција на убавината.
Хероина на новата кампања е 56-годишната манекенка Мерси Бруер, по потекло од Шкотска, панкерка во 80-тите, работела со Кејт Мос и Наоми кембел во 90-тите, а пред да 20-тина години заедно со сопругот се преселила во Нов Зеланд. По пауза во манекенството прифатила да работи за Lonely, а од новозеландскиот бренд велат дека ја избрале Мерси поради нејзиниот позитивен став кон телото и „љубезниот и достоинствен однос кон стареење“. Фотографиите од кампањата се неретуширани, што во денешното дигитално дома и време на Инста-филтри е исто така невообичаено, колку што е невообичаено да се повика повозрасна манекенка да рекламира долна облека. И да, моделите на Lonely се одлични, брендот не се повикува само на фамата со манекенката.
Нема коментари