Најголемиот моден настан во годината е откажан во согласност со препораките на американскиот центар за контрола и превенција на болести настаните со над 50 лица да бидат откажани или одложени за следните осум недели заради појава на Ковид-19. Тоа значи дека Мет Гала, модниот настан на њујоршкиот музеј Метрополитен и Vogue, годинава нема да се одржи во првиот понеделник на мај. Познатиот музеј одлучи дека сите програми и настани до 15 мај ќе бидат откажани или одложени, вклчувајќи ја Мет Гала, а музејот ќе биде затворен со 3 април.
Во врска со Мет Гала, уредничката на Vogue US Ана Винтур изјави дека модната вечер Мет Гала и отворањето на модната изложба „About Time: Fashion and Duration“ во Институтот за костими при музејот Метрополитен, ќе бидат одложени за подоцнежен датум. Во меѓувреме, Vogue подготвува преглед на оваа извонредна изложба што ќе биде објавен во мајското издние на списанието. Винтур нагласува дека настанот не е откажан, туку одложен.
Нема коментари