Актерката Мила Кунис позира на насловната страница на августовскиот број на Glamour US, сосема без шминка и со едноставен стајлинг со обична сива маичка и нежен златен ѓердан. „Снимањето на оваа фотографија на која носам само серум за лице, крем за очи и балзам на усните беше прекрасно за мене“, објаснува Кунис која што во приватниот живот ретко носи шминка и вели дека ја фасцинираат жените кои стануваат од спиење и веднаш се шминкаат. „Сепак,природно е тоа што жените имаат чудна навика да се обидуваат да делуваат совршено и затоа постојано вршат притисок самите на себе поради наментнатите нереални очекувања од страна на општеството и медиумите“, смета Мила.
Со фотографот Стивен Пен сними комплетна фотосесија за Glamour, на некои од фотографиите сепак е нашминкана и стилизирана, а списанието подготви втора насловна на која носи џинс комплет и има минималистичка шминка.
Нема коментари