Актерката Мила Јовович е заштитно лице на новата кампања на француската модна куќа „Балман“ и се појавува во неколку сјајни, металик креации на Оливие Рустен. Изборот на Мила не е случен, бидејќи дизајнерот Рустен открива: „Како секое дете што пораснало во 90-тите, бев опседнат со филмот „Петтиот елемент“. Од секогаш сонував да соработувам со Мила и голема чест ми е што таа се согласи да се појави во кампањата на „Балман“.“
Кампањата за „Балман“ Мила ја снимила во еден магацински простор во Лондон со фотографката Ен Ли. Мила вели вели дека кога се облекла во моделите, додека позирала, почнала да прави необични движења, како што можете да видите на следново видео.
Нема коментари