Манекенката Миранда Кер ја покажа својата Dior Couture венчаница преку фотосесија за американски Vogue. Скоро два месеца по нејзината свадба со сопственикот на Snаpchat, Еван Шпигел, Миранда ја откри венчалната тоалета што дизајнерката на „Диор“ Марија Грација Кјури ја креира специјално за манекенката – долг фустан со долги ракави и висок околувратник. „Мислам дека секоја девојка сака да се венча во фустан од „Диор“,“ изјави Миранда за Vogue и вели дека креацијата е инспирирана од венчаницата што Грејс Кели ја носеше на својата свадба со принцот Рение од Монако во 1956 година.
Венчаницата на „Диор“ е од свилен сатен и има нежни цветни апликации. Изгледот на Миранда е надоплнет со екстравагантна дијадема од бисери, дизајнирана од Стивен Џонс. „Претходно се забавував со модата, имав послободен, боемски стил. Но, во овој период на мојот живот, стилот ми е поповлечен“, го објаснува Миранда својот поскромен изглед и открива дека извор на инспирација ѝ се Грејс Кели, Одри Хепберн и нејзината баба која и на 80 години изгледа шик.
Миранда и Еван се венчаа во дворот на нивната куќа во Брентвуд, Лос Анџелес пред 50-тина најблиски роднини и пријатели.
Нема коментари