Италијанскиот моден бренд Marella повторно ја ангажира супермоделката Миранда Кер и за потребте на новата рекламна кампања за колекцијата пролет-лето 2017. Фотосесијата за кампањата е снимена во пустина во Калифорнија заедно со фотографот Рајан Мекгинли. Во кампањата замислена како потрага по оазата на мир и свежина, Миранда има природен изглед додека позира, на некои фотографии и танцувајќи, во моделите на Marella, од кои се издвојуваат црвениот Doroty фустан со голи рамена и моделот Bacillo, кежуал кошула-фустан со бело-сини пруги.
Нема коментари