Манекенката Магдалена Франковијак се појавува во едиторијал за мајскиот број на јапонски Vogue наречен „Антички пофалбени песни“ во кој позира на мистични локации во Јужна Америка. Фотографиите се на Џампаоло Згура, а стилистката Ана Дело Русо за оваа модна сторија избрала дизајнерски парчиња од „Луј Витон“, „Живанши“, Долче и Габана и украси за коса со пердуви од Филип Трејси.
Нема коментари