Портокаловата боја можеби не е една од клучните за 2021 година, ама секако е енергична и го зголемува расположението, нешто што навистина ни треба овој јануари. За инспирација како да ја вклучиме во нашиот моден стил, ќе ги погледнеме фотографиите од ѕвездите на уличната мода. Посмелите носат целосен изглед во оваа боја, како на пример портокалов костим или мантил. Некои ќе одберат позагасита нијанса на портокалова, или пак ќе ја носат во облик на модни додатоци како чанта или чизми.
Нема коментари