Седум различни манекенки кои ја претставуваат сликата на модерната американска жена која што ја има во сите бои и форми се на насловната страница на мартовскиот број на американски Vogue. Лиу Вен, Ешли Греам, Кендал Џенер, Џиџи Хадид, Адвоа Абоа, Виторија Серети и Иман Хамам позираат во црни ролки и шарени шорцеви на „Прада“ пред објективот на фотографскиот тандем Инез и Винод. „Во времето на мигрантски забрани и градење ѕидови, најголемите имиња во 2017 година покажуваат дека не постои еден вид на американски девојка“, вели авторката Маја Сингер во текстот кој ја следи сторијата од насловната.
Vogue со оваа насловна сака да го покаже диверзитетот во модата и во убавината, како и да ја демократизира модата и ја прикаже отворена за сите ентити, раси, големини… Магазинот ја отвора темата за славење на различноста, и тоа нема да биде лесно – ќе има доста пречки и негодување. На пример, неколку часа по објавувањето на насловната на социјалните мрежи има замерки зошто на фотографиите од мартовската сторија на Vogue нема манекенки со многу темен тене и зошто насловната е фотошопирана – раката на Џиџи изгледа многу подолго, веројатно за да се направи plus size манекенката Ешли Греам да изгледа послабо. Но, и овој потег е добронамерен и за поздравување, бидејќи крајната цел е да се покаже дека „Сите се убави“. Vogue ја има токму таа идеја – да ги прикаже сите видови на убавина или уште поклучно, да покаже дека веќе не постои една норма за тоа што е убавина.
Нема коментари