• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
фото галерија 0

„Осветлено“ – Светски моден перформанс на иницијатива на Амбасадата на Кралството на Холандија во Скопје

Од stylist @StylistMKD · На декември 10, 2022

1

Модни дизајни со вештачка интелигенција кои дишат заедно со човечкото тело

Синоќа, во фоајето на Националната опера и балет се случи гала моден настан насловен „Осветлено“ (Into the light). Специјална гостинка на вечерта беше светски познатата холандска модна дизајнерка Анук Випрехт (Anouk Wipprecht). Настанот беше во организација на Амбасадата на Кралството на Холандија во соработка со студентите од Институтот за дизајн и инженеринг на облека при Технолошко металуршкиот факултет во Скопје, под менторство на професорката и модна дизајнерка Лидија Георгиева.

2

Модниот настан беше заокружување на поголем проект, кој се одвиваше во неколку фази. На почетокот, Анук Випрехт одржа неколку мастеркласови со студентите од Институтот за дизајн и инженеринг на облека. На овие презентации студентите добија конкретни насоки како да ја користат современата технологија во модниот дизајн. Потоа, холандската дизајнерка заедно со професорката Георгиева одржаа и неколку работилници на кои студентите создадоа оригинални модни дизајни, кои беа претставени на модниот настан. Гостите, помеѓу кои беа присутни истакнати дипломати, политичари, луѓе од јавниот живот во Скопје и претставници на медиумите, имаа ретка можност да погледнат и дел од оригиналните високотехнолошки модни дизајни на Анук.

3

Настанот го отвори Амбасадорот на Кралството Холандија Дирк Јан Коп: „Холандија е еден од светските лидери кога станува збор за иновации и висока технологија. Дизајните на Анук Випрехт презентирани во првиот дел на вечерта ни покажаа што може да направи холандската високотехнолошка мода. Вториот дел и делата на студентите ни покажаа што можеме да направиме заедно. Северна Македонија е наш партнер и се надеваме дека наскоро ќе имаме уште поблиска соработка на сите полиња, вклучувајќи ја и модната индустрија, во рамките на отворениот европски пазар“, истакна Јан Коп.

4

„Голема благодарност до Амбасадата на Кралството на Холандија за укажаната доверба и иницијативата за соработка. Искуството низ кое поминаа студентите е значајно за нивниот понатамошен развој. Имавме ретка можност да уживаме во креативниот процес и во соработката со Анук“, вели професорката Лидија Георгиева, која неодамна, заедно со „Завар дизајн“ земаа учество на Модната недела во Белград, а на синоќешниот настан беа претставени и овие дизајни.

5

Анук Випрехт е иновативна дизајнерка, приврзаник на модната технологија (FashionTech) и создава раритетна комбинација на модни парчиња, кои се комбинација на инженерство, наука и дизајн. На автентичен начин ја спојува модата и технологијата, а нејзините дизајни се стремат кон вештачка интелигенција, како своевидни системи „домаќини“, и делуваат како да дишат заедно со човечкото тело и реагираат на непосредната околина. Сензорите вградени во дизајнот го следат просторот околу оној што го носи, а сензорите за телото го детектираат нивото на стрес како удобност или вознемиреност. Нејзиниот најпознат „Spider Dress“ базиран на модулот Intel-Edison е совршен пример за оваа естетика, каде што сензорите и подвижните раце на фустанот помагаат да се создаде подефинирана граница на личниот простор.

8

„Овој роботски фустан напаѓа доколку некој премногу ви се приближи“, вели Випрехт. Освен рачни уреди, дизајнерката истражува како можеме на нови начини, преку нашата облека да комуницираме со светот околу нас. Таа активно соработува со Интел, АутоДеск, Гугл, Мајкрософт, Самсунг, Адидас, Дизни, Сваровски, Ауди, со најпознатиот циркус „Сирк де Солеј“ и со компаниите за 3Д печатење, додека истражува како би изгледала нашата иднина доколку продолжиме да ја вградуваме технологијата во она што го носиме. Таа работи и живее на релација помеѓу Сан Франциско, Лос Анџелес, Мајами и Амстердам.

Дизајните изработени од студентите ќе бидат изложени во просториите на Млади Хаб од понеделник, 12 декември.

Фото: Томислав Георгиев и Горан Бошковски

7

6

9

10

11

12

13

14

15

16

17

18

Амбасадата на Кралството на ХоландијаАнук ВипрехтЛидија Георгиевамоден настанОсветлено
Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • 1 zara моден монитор

    Капсулна колекција на Каја Гебер за Zara со класична облека во современа изведба

  • viktorija ristovska (4) фото галерија

    Македонската манекенка Викторија Ристовска во фотосесија на српското издание на Elle

  • 1 fashion group фото галерија

    Брендовите на Фешн Груп со нови колекции кои модно ќе ве загреат оваа есен-зима 2022

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • 1

    Белата маица евергрин во модата

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • ikiverse

    IKIVERSE на Искра Џокиќ Кецап – прва дигитална модна ревија на Моден викенд

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • 1 zara

    Zara со мини колекција од лен како моден предлог за оваа сезона

    јуни 1, 2023
  • sf_ana_stojanova_naslovna_PR

    Соработката на годината е тука – Ана Стојанова и „Sara Fashion“

    мај 31, 2023
  • denim

    Пролетни комбинации со тексас-ткаенина

    мај 30, 2023
  • smoothie

    Енергетска бомба што ги топи масните наслаги

    мај 30, 2023
  • 1

    ИНСТАГРАМ ИНСПИРАЦИЈА: Свилени и сатенски фустани за формални и неформални пригоди

    мај 30, 2023

Убавина

  • korektor  (1)

    Четири бои на коректор и како правилно се употребуваат

    мај 16, 2023
  • avon

    НЕГА НА ЛИЦЕ: Како брзо да го обновите изгубениот колаген?

    мај 9, 2023
  • 60eb2318-b53f-489d-af28-34e0e9646727

    Очи врамени со туш за совршенa шминка

    мај 8, 2023
  • manikir

    Розовата и црвената споени на ноктите за разигран пролетен маникир

    април 20, 2023
  • 71b7ca00-c086-4757-9529-0ffaee3e38be

    Како до ефикасна заштита од сонце без лепливи остатоци на кожата и облеката

    април 18, 2023

Живот

  • smoothie

    Енергетска бомба што ги топи масните наслаги

    мај 30, 2023
  • ekopiknik

    „Екопикник во Центар“ со македонски производители на храна и пијалаци

    мај 19, 2023
  • Strawberry Chia Pudding

    Кремаст чиа пудинг со јагоди

    мај 15, 2023
  • synlab

    На патувањето до најдобрата верзија од себеси, вие самите ја одредувате насоката

    мај 15, 2023
  • Cigari

    Студија покажа: Производите кои го загреваат тутунот им помагаат на луѓето да ги остават цигарите

    мај 11, 2023

Култура

  • mladi evropski prikazni

    „Млади европски приказни, млади креативци“ – фестивал посветен на детската креативност и книжевноста за деца

    мај 29, 2023
  • плакати

    Изложба на македонски музички плакати во рамките на „Скопски градски фестивал“

    мај 24, 2023
  • Реквием- слика

    Изведба на „Реквием“ од Џузепе Верди во рамките на „Мајски оперски вечери“

    мај 23, 2023
  • indog

    Изложба „Во цут“ на дизајнерот Горан Костовски – Ind.o.g

    мај 12, 2023
  • 10_Отворен Саем на книга 2023

    Отворен 35. Меѓународен Саем на книга со богата програма и фокус кон нагласувањето на важноста на македонскиот јазик

    мај 5, 2023

Тагови

Vogue Инстаграм Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics