• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
ревии 0

Вториот ден на FWSK во знакот на „Енхалон„ на Ирина Тошева, млади дизајнери и гости од регионот

Од Катерина Трајановска · На април 5, 2015

1

Модната публика на единаесеттото издание на Моден викенд-Скопје деновиве е екипирана во катната гаража „Солунски конгрес“, простор во кој вчера се одржа вториот ден на манифестацијата кој помина во знакот на млади дизајнери и гости од Србија и Косово. Први на програмата беа студентите на моден дизајн од Европскиот универзитет со проектот „Артерија-антерија“, а можност за презентација добија Андријана Јованова, Бранкица Тодорова, Саранда Садики, Едора Сулејмани, Есма Казим, Веранда Халили, Радмила Ѓеоргиева, Ана Камчева, Анастасија Чадо, Ивана Костадиноска, Марија Настеска и Ивана Николова. Впечаток остави претставувањето на Даниела Савиќ која прави трансформерски интервенции во кројот, а според темата останатите земаат референци од различни елементи од културното наследство и стари носии, како декоративни реси и бродури и мотив на ромбови преземени од фолклорни шари. Дел од проектот на ЕУ беше и изложбата на професори од универзитетот и перформансот на проф. Јана Манева-Чупоска, во кој беа вклучени манекенки од „Подиум“ и неколку јавни личности како Ребека, Ирена Спировска, Снежана Богдановска- Јаначковска и Ирина Илиевска.

2

Даниела Савиќ

3

Претставување на студенти на факултетот за арт и дизајн при Европски универзитет

Уште еден перформанс беше дел од вчерашниот моден настан. Во соработка со скопската канцеларија на UNDP дизајнерите Алмир Мили и Ивана Цветковска прикажаа мини колекции како поддршка на на кампањата „Стоп за насилството врз жените и девојчињата- сега!“, во која се придружи и Моден викенд-Скопје. Мили ја прикажа концептуалната колекција „Титуба“ преку експлицитни сцени и звуци како опомена за проблематиката на насилството врз жените, а неговите манекенки „глумеа“ жртви на насилство и ја испратија пораката „Јас не сум објект“. Цветковска пак на почетокот претстави полежерни парчиња во спортски дух, а потоа колекцијата продолжува со трендовски широки панталони и здолништа и ресести јакни инспирирани од стилови од уличната мода.

5

Алмир Мили

6

Ивана Цветковска

Од домашните автори вчера само Ирина Тошева настапи со самостојна ревија за колекцијата „Енхалон“. Зад името на колекцијата се крие старото име на Струга, а градот покрај езерото и водата како извор на живот се главната инспирација за креациите наменети за пролет-лето 2015. Тошева колекцијата ја почна со бела боја, а потоа ја надoгради со кобалтно сина и тиркизна боја. Кроевите се инспирирани од кимоното, комбинациите младешки, а има и неколку машки модели со едноставен крој и лежерен стил. Највпечтливи беа принтовите во сини и виолетови тонови, а од деталите моделите носеа шапки, накит и часовници од My:Time. Во своите ревии Тошева редовно користи музика од македонски бендови, овојпат тоа беа звуците на The John. Дизајнерката колекцијата ќе ја репризира на модната недела во Љубљана каде што ќе настапи на 13 април, а наскоро ќе ја презентира и фотосесијата со манекенката Ивана Гелева и фотографот Миладин Паповиќ снимена токму во модерниот „Енхалон“.

fwsk irina toseva

„Енхалон“ на Ирина Тошева за пролет-лето 2015

fwsk irina toseva 1

Гостите на FWSK имаа можност да ја видат и работата на дизајнерите од регионот кои прикажаа модернистички стил. Флутура Дедиња од Косово понуди колекција која се базира на ласерско сечење на ткаенини, а во која има и драпирање и експерименти со набори, ефект на реси, асиметрија и бои кои варираат од пастелни тонови преку интензивната нијанса на циклама-виолетова до употреба на црна боја. Јелена Марковиќ од Србија, пред скопската публика престави колекција за сезоната есен-зима 2015/16. Креаторката која пред неколку години е прогласена за најдобра млада дизајнерка на Белградската модна недела, подоцна доби и награда на магазинот Elle, во новата колекција спојува модерен дизајн, елеганција, прочистен шик и притаен сексапил во едно преку модели со модерни и волумениозни кроеви, еднобојни парчиња со чисти линии, одлично скроени капути и транспаренти делови изведени од сребрена мрежеста ткаенина.

Фото: Ани и Дими

fwsk jovana markovic

Јована Марковиќ (Србија)

fwsk flutura

Флутура Дедиња

fwsk

Од перформансот на Јана Манева-Чупоска

G38A5602

G38A5796

fwsk jovana markovic1

fwsk fluura1

FWSKЈована МарковиќАлмир МилиЕвропски универзитетИвана ЦветковскаИрина Тошевамакедонска модамакедонски дизајнериМоден викенд-Скопјемодна ревијаперформансФлутура Дедиња
Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • DIOR ревии

    [ВИДЕО] Ревија на Dior во Шангај

  • 1 michael kors ревии

    Бродвеј како модна писта за ревијата на Мајкл Корс

  • louis vuitton ревии

    [ВИДЕО] Ревија на Луј Витон во Лувр

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • jovana neshova (1)

    Бремената манекенка Јована Нешова позира за насловната на „Моделс ин“

Модна азбука

  • Poncho

    ПОНЧО – префрлена наметка со отвор за глава

    ноември 20, 2020

Видео

  • funk shui

    Слушаме македонска музика: „Не време“ на Funk Shui и гостинката Вера од Љубојна

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • 1

    Добро расположение, младешка енергија и мода во јаки бои кај Bershka

    април 21, 2021
  • 1

    СТИЛСКА ИДЕЈА: Како да комбинирате панталони и фармерки со должина над глужд

    април 21, 2021
  • 1

    Пролетна машка мода во песочни тонови

    април 21, 2021
  • green bag

    Зелената омилена боја за чанта пролетва

    април 21, 2021
  • 3

    ИНСТАГРАМ ИНСПИРАЦИЈА: Повторно популарни хеланките со ленти од 80-тите

    април 21, 2021

Убавина

  • PearInc100ml_RVB

    Pear Inc. на Juliette Has a Gun небесен мирис кој предизвикува среќа, позитива и сонце

    април 10, 2021
  • Mixed Emotions cut

    MIXED EMOTIONS – Во ред е да не се биде во ред

    април 6, 2021
  • 1 guerlain

    Mon Guerlain Sparkling Bouquet – мирисот на пенлива радост

    април 2, 2021
  • 1 MAC-Cosmetics-Black-Cherry

    Новата колекција Black Cherry на MAC Cosmetics од денеска во скопската продавница

    март 30, 2021
  • fac

    Геловите за чистење клучен дел од негата на лицето

    март 11, 2021

Живот

  • 2

    Дајан вон Фурстенберг дизајнира предмети за домот за H&M Home

    април 14, 2021
  • FotoJet

    Две супер состојки што треба да ги консумирате – хељда и амарант

    април 12, 2021
  • pilates

    Десетминутен тренинг за стомак, задник и нозе

    април 8, 2021
  • IQOS 3 Duo 3

    Повеќе харизма во личниот стил со помош на додатоци

    март 30, 2021
  • Znakoven Bitola 2

    Радмила од Богданци и Мартин од Битола, лица со оштетен слух го отворија првото знаковно кафуле во Битола

    март 29, 2021

Култура

  • msu

    „Главните пунктови на македонската ликовна уметност во 70-те и 80-те години“ во МСУ

    април 19, 2021
  • Louvre

    Прошетка низ музејот Лувр од дома

    април 7, 2021
  • Filmski Predizvik (1)

    Нов европски филмски предизвик – освој најмногу поени и отпатувај на црвениот тепих во Кан

    март 24, 2021
  • gordana vrencoska

    Онлајн-промоција на „Македонски визуелен идентитет“ од Гордана Вренцоска

    март 23, 2021
  • ?????????

    Виртуелна промоција на „Букварот на Биби“ денеска во 19 часот

    март 22, 2021

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања убавина улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics