Calvin Klein покажа дека не постои ограничување во возраста за да рекламираш долна облека и покани седум модерни и инспиративни жени во новата кампања која што ја режира Софија Копола и со која се слави природниот изглед на секоја возраст. Лорен Хатон, актерка и поранешна супермоделка со своите 73 години одлично ја промовира долна облека на брендот, а и изборот на останатите модели во рекламата е за поздравувае поради разновидноста во однос на возраста (моделите имаа од 18 до 73 години), и разновидноста во нивното етничко потекло. Па покрај Лорен, во кампањата учествуваат Кирстен Данст, Рашида Џонс, Натали Лав, Лора Хариер, Маја Турман-Хоук, ќерката на Ума Турман и Итан Хоук, и Чејс Суи Вондерс, внука на дизајнерката Ана Суи. Фотографиите и видеото се во црно-бела техника, а кампањата Calvin Klein Underwear е дел од новото креативно водство на дизајнерот Раф Симонс.
Нема коментари