Со изложбата на модни креации „Декади“ во Француски институт во Скопје започна месецот на франкофонија. Изложија три студентки на Институтот за мода и дизајн на Технолошкиот факултет во Скопје кај професорката Лидија Георгиева – Викторија Велевска, Ајданур Незир и Драгана Трпковска. Како дел од соработката на ТМФ и Францускиот институт, тие добија наградно патување и во септември минатата година беа во Париз за време на модната недела, посетија неколку модни изложби и ја почувствуваа париската модна атмосфера. На изложбата тие претставија свои креации инспирирани од различни модни декади, а под импресии на средбата во Париз со познатата дизајнерка на излози Солин Дабовил, тие за својата изложба го декорираа излогот на Француски институт.
Директорот на Францускиот институт во Скопје, Емануел Рембер, најави две нови стипендии за годинава за студентите од овој факултет во насока на одржување на оваа прекрасна соработка. Изложбата на модни креации „Декади“ ќе биде претставена во излогот на Францускиот институт до крајот на март.
Нема коментари