Најбараната плус сајз манекенка Ешли Греам се појави на последната модна ревија на Мајк Корс, предизвикувајќи модна револуција и отворајќи пат на различните манекенки појавувањето на ревиите на најпознатите модни имиња да стане правило, а не преседан. Корс за првпат ангажира манекенка со облини, а оваа убавица покажа дека пистата не е резервирана само слабите манекенки. Ешли носеше секси плетен фустан со шлиц и со широк ремен, врз кој имаше кратка крзнена јакна, дел од колекцијата за есен-зима 2017/18.

Ешли на ревијата на колекцијата за есен-зима 2017/18 на Мајкл Корс
Кариерата на Ешли е во подем, таа неодамна се појави на насловната на Sporst Illustrated, во кампањата на Прабал Гурунг за Lane Bryant, рекламираше костими за капење на Swimsuits for All, а годинава ја почна со две насловни страници на Vogue.
Читајте повеќе за Ешли Греам на Ешли Греам го менува лицето (и телото) на модата
Нема коментари