Модната агенција „Подиум“ која воедно е и официјалната модна агенција на Моден викенд Скопје ги повикува сите девојки и момчиња да бидат дел од курсот за модели кој ќе се одвива во текот на јуни и средината на месец јули.
Курсот на кој може да се пријават и деца од најмала возраст, подразбира обука за правилно чекорење на писта, позирање и часови по глума. Рокот за пријавување е 21 мај (четврток). Модната агенција „Подиум“ е посветена на развивање на талентот кај модели на најразлична возраст. Агенцијата работи на сите нивоа во модната индустрија : ревии, фотосесии за кампањи и медиуми како и промотивни настани.
„Подиум“ вбројува кампањи за речиси сите домашни дизајнери и модни куќи но и интернационални брендови како Hugo Boss, Bitsiani, Timberland, Diesel, Peugeot, Porsche и многу други.
Контакт за пријавување : Ирина Илиевска 077/492596 и info@fashionweekendskopje.mk
Нема коментари