Нема ништо необично или ново во тоа таканаречените „хајстрит“ брендови да го „позајмуваат и копираат“ она што го предлагаат дизајнерските модни куќи и во своја верзија да го продават доста поволно. Еден таков пример се однесува на „Манго“ и „Ботега Венета“. Имено, откако дизајнерот Даниел Ли го превзеде креативното водство на „Ботега Венета“, модната куќа стана мошне популарна, а одредени модни детали станаа култни и задолжително парче на модните трендсетерки. Највпечатлив пример е моделот на чанта The Pouch, со едноставен дизајн и со набрана мека кожа, која царува во стилот на ѕвездите на уличната мода уште од лансирањето во декември во 2018 година и ја забележавме и на Париската недела на висока мода што заврши деновиве.
Слична верзија пронајдовме и во новата колекција на „Манго“, бренд за достапна мода кој е доста популарен и кај нас. На сајтот на Манго Македонија го детектиравме моделот означен како Pleated volume bag, кој доаѓа во црна и во светлокафена боја и чини 990 денари. Исто така достапна е и мини верзија во бела боја, која што е 890 денари.
ПРОЧИТАЈТЕ: Трендинг на Инстаграм: #myhandbagatemyshoes
Нема коментари