Чантите со структуриран, коцкест облик се смеаат за класика во најчиста форма и во светот на модните додатоци се елегантна верзија на малиот црн фустан. Еден од првите модели со ваков облик кој стана популарен е Hermès Constance, чантата што Џеки Кенеди многу ја сакаше и носеше. Чантата е лансирана во 1959 година, a авторката на дизајнот Катрин Шале ја крстила по својата ќерка Констанс. Многу брзо моделот на чанта добил култен статус кој го има со денес, иако по популарност е зад другите иконични модели на модната куќа Hermès – Birkin и Kelly.
Во поново време еден друг модел на коцкеста чанта стана хит – Céline Box. Иако оригиналниот модел се појавил во 70-тите години, тогаш со златна тока со мотив на кочија, сега популарната е новата минималистичка верзија лансирана во 2010 година и која е една од најпознатите и најносени чанти во последнава деценија.
Враќањето на овој винтиџ-изглед на чанта е евидентно. Го забележуваме тоа во уличната мода, на модните писти кај Том Форд, Викторија Бекам, Ботега Венета, Сен Лоран, а коцкести чанти можеме да најдеме и во понудата на high street брендовите достапни кај нас.
Убавината на коцкестатата чанта е во нејзината апсолутна универзалност: таа не е ограничена на сезони, може да се носи во дневни и вечерни пригоди, адекватна е и за на работа, и се прилагодува на секаков стил.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари