Страст, љубов, моќ, опасност, храброст, енергија, романтика се некои од нештата што ги поврзуваме со црвената боја, една од основните бои и со ефект на највпечатлива. Датумот 14 февруари асоцира на Св. Валентин и нашиот Св. Трифун, па еве неколку комбинации во оваа боја кои одговараат на зимска мода, но и на преодот во пролетни стилови.
Црвената боја е тренд оваа сезона, а во чест на Св. Валентин и Св. Трифун црвената како симбол на љубовта и виното еве причина плус за стилски идеи со оваа боја. Црвената боја секако е безвременска класика во модата, без разлика дали ќе ја носиме како целосен стајлинг или на фустани, јакни, капути, панталони, здолништа, џемпери, модни додатоци за да изгледаме доминантно и впечатливо.
Црвените тонови, особено cherry-црвената се доминантни во модата сезонава – забележуваме монохроматски изглед кога црвена се носи од глава до петици или е вметната во мали дози со додавање на едно парче облека или детаљ.
Нема коментари