• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
моден монитор 0

Модниот свет против Доналд Трамп, што сега ќе носи Меланија?!

Од Катерина Трајановска · На ноември 10, 2016

melania_trump_9031_544x338

Кога клучните луѓе од модниот свет отворено се декларираат како продемократи, се јавува можен проблем во кабинетот на новата прва дама на САД, Меланија Кнаус – што сега ќе носи таа?! Чии креации?! Кој американски дизајнер ќе соработува со Меланија?!

За време на кампањата за претседателското место во Белата куќа, американските дизајнери јавно истапија против Доналд Трамп, а на списокот на поддржувачи на другиот кандидат, Хилари Клинтон е долг: Вера Ванг, Келвин Клајн, Марк Џејкобс, Џозеф Алтузара, Дона Каран, Мајкл Корс, Прабал Гурунг, Дајан фон Фурстенберг, Џорџина Чепмен од „Маркеза“, Џејсон Ву кој го креираше инаугурацискиот фустан на Мишел Обама… Некои од нив заедно со Ана Винтур од Vogue и други значајни имиња од модата помогнаа во кампањата на Клинтон. Како и да е, се случи што се случи, Трампови сега се селат во Вашингтон, но останува едно прашање да лебди на Словенката што стана прва дама – кој сега ќе сака да ја облекува Меланија?

Секако треба да се нагласи дека Меланија Трамп, за разлика од некои јавни лица кои редовно позајмуваат или добиваат облека на подарок од познатите креатори, таа сама си ја купува гардеробата. Проблемот не е во парите, туку во имиџот, желбата на дизајнерите да соработуваат и да се гордеат доколку таа нив ги избере. Во последните децении скоро сите први дами, од Џеки Кенеди до Мишел Обама, биле во некаква соработка со одредени американски дизајнери. И тоа било акцентирано постојано. Сега се поставува прашањето кој ќе се осмели неговото име да биде спомнувано во контекст на соработка со новата прва дама.

Во финишот од долгата претстедателска кампања, се направија многу анализи за стилот на Меланија, за секој детаљ, секоја комбинација и боја. Дел од анализите се однесуваат на тоа што стои зад јавниот имиџ на Меланија. Од тоа може да се насети каква прв дама ќе биде, која ќе биде нејзината улога, и што порака праќа нејзината облека. Тоа се вика Power Dressing, или како да се изгради имиџ преку гардеробата.

Еве ги најзначајните изгледи од последните месеци и пораката зад нив.

1

Бел фустан од српската дизајнерка Роксанда Илинчиќ, 2.190 долари

Меланија во овој фустан се појави кога го држеше својот прв јавен говор за време на претседателската кампања. Говорот можеби не беше оригинален, прогласен е за плагијат на еден постар говор на Мишел Обама, ама изборот на дизајнер е малку невообичаен. Да речеме оригинален. Креацијата не е на американски дизајнер, нешто што американските гласачи очекуваат, туку на српската дизајнерка Роксанда Илинчиќ која кариера гради во Лондон. Меланија е родена во Љубљана, Роксанда во Белград, градови кои некогаш биле дел од Југославија, па изборот некои го протолкуваа како намиѓање на старата татковина, поддршка на „локална“ дизајнерка која исто како и неа, успеала во светски рамки. Став кој зборува за еманципацијата на жените, но и на остварувањето на американскиот сон.

melania_trump_9937_544x503

Розовата Pussy Bow кошула од „Гучи“, 1.100 долари

Моделот на кошули со голема панделка околу вратот, често именуван како Pussy Bow, стана актуелен во 70-тите години и се сметаше за симбол на феминизмот и на вработената жена која во тоа време почнала да ги добива директорските места во корпоративниот свет. Но, во случајот на Меланија има сосема поинаква конотација – оваа кошула таа ја облече на конвенција на Републиканците веднаш по скандалот кој покажа и уште еднаш докажа дека Доналд Трамп е шовинист и сексист кој себе си дава правo сексуално да ги малтретира жените (На една снимка се слуша како советува Get them by the pussy, што е тотално навредливо). Во моментот кога светот бруеше за овој скандал, Меланија одлучи да носи Pussy кошула, симбол на феминизмот. Тоа беше принуден избор за да се отргне вниманието од мачизмот на Доналд или потсвесна опомена дека е свесна за неговиот шовинизам? Само таа знае.

3

Бел комбинезон од Ралф Лорен, 4.000 долари

За првото појавување по победата на Доналд Трамп на претседателските избори во САД Меланија избра бел комбинезон со асиметричен горен дел од американски дизајнер Ралф Лорен. Која е пораката?! Дали тоа Меланија и става трн во око на Хилари Клинтон, славејќи ја победата на сопругот облечена во комбинација која реферира на Хилари?! Имено, Хилари на клучните настани за време на кампањата носеше бел костум со панталони, а голем број нејзини поддржувачи на гласање се појавија облечени во бела боја како знак на солидарност. Исто така, Хилари на трите претседателски дебати носеше креации од Ралф Лорен, а тој беше нејзин избор на дизајнер во текот на бурниот изборен циклус. Се чини дека Меланија со својот тим воопшто не се наивни во испраќањето порака преку облеката…

4

Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • 1 моден монитор

    MY:TIME ја продолжува емотивната приказна „Моменти за нас“ – Пролетна порака која ќе ве натера да застанете

  • fwsk моден монитор

    Преглед на модните ревии и пропратните настани на 32. Моден викенд Скопје

  • 1 Zhou Jin, jewelry by Chen Zijue 6 моден монитор

    Првиот ден на Моден викенд во знакот на кинеската мода и 3D и AI изложба

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • sarastoi

    Македонскиот модел Сара Стои за престижниот магазин Numero Switzerland

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • Kiki-Ring-1

    Рачна изработка и премиум материјали: YOVA ја лансираше колекцијата „Блосом“ за пролет-лето 2026

    април 27, 2026
  • 1 (14)

    Мјузиклот „Као какао“ премиерно на 2 и 3 јуни во МНТ

    април 24, 2026
  • 1

    MY:TIME ја продолжува емотивната приказна „Моменти за нас“ – Пролетна порака која ќе ве натера да застанете

    април 24, 2026
  • 1hmstella

    H&M ја претставува колекцијата креирана во соработка со дизајнерката Стела Мекартни

    април 17, 2026
  • SAKURA FESTIVAL ПОСТ

    Sakura Festival: Kултурно-едукативен настан инспириран од јапонската традиција ќе се одржи во Скопје

    април 17, 2026

Убавина

  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024
  • naslovna

    Што препорачуваат дерматолозите како ефикасно решение против пигментација на кожата

    ноември 5, 2024

Живот

  • 1

    Bitola Whisky Fest: Битола како сцена, вискито како причина

    март 31, 2026
  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • winter festival

    Предновогодишнa зимска магија на Winter Festival со многу музика и улична храна пред СЦ „Борис Трајковски

    декември 24, 2025
  • Poster-so-logoa-story_1

    Денеска почнува петтото јубилејно издание на SKOPJE WHISKEY FEST

    ноември 6, 2025
  • KID-EXPO--poster

    Овој викенд е посветен на децата – Во Скопје се случува третото, најголемо и највозбудливо издание на Kid Expo

    октомври 2, 2025

Култура

  • 1 (14)

    Мјузиклот „Као какао“ премиерно на 2 и 3 јуни во МНТ

    април 24, 2026
  • SAKURA FESTIVAL ПОСТ

    Sakura Festival: Kултурно-едукативен настан инспириран од јапонската традиција ќе се одржи во Скопје

    април 17, 2026
  • ???????????????????????

    Отворањето на 54. Мајски оперски вечери распродадено за рекордни 30 минути!

    април 17, 2026
  • 1 OSCARS o_38572296_1280

    ОСКАРИ 2026: Филмот „Една битка по друга“ апсолутен победник, Џеси Бакли и Мајкл Б. Џордан најдобри актери

    март 16, 2026
  • zizel

    Романтичниот балет „Жизел“ на сцената на Националната опера и балет на 27 февруари

    февруари 19, 2026

Тагови

Vogue Инстаграм Моден викенд-Скопје Париз Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics