Холандскиот бренд за луксузен, но кежуал изглед, Scotch&Soda, ја претстави кампањата за сезоната пролет-лето 2017, фотографирана од Ема Самертон и подготвена со стилистката Пети Вилсон, во расположение кое се надоградува на нивниот концепт „Од Амстердам, од секаде“. Наративот на кампањата е визуелизација на идејата на колекцијата која што повлекува инспирација од светот, па онака како што дизајнерите позајмуваат мотиви од различни светски дестинации, така брендот избира модели од различни култури. Инспирација се луѓето, но и нивните живеалишта, па за креирање на модните парчиња за пролетната сезона, креаторите нурнаа низ светските пустини и прашумуте кои обилуваат со раскошна флора. Богатствата на природата и светските култури се отсликува во колекцијата богата со ботанички отпечатоци и животински дезени, со живи бои и културолошки симболи.
Нема коментари