• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
моден монитор 0

Модно препрочитување на делата на Молиер на изложбата „Моливерзум“

Од stylist @StylistMKD · На октомври 19, 2022

1

Јубилејот од 400 години од раѓањето на славниот француски писател и комедиограф Молиер  беше повод и инспирација да се реализира изложбата „Моливерзум/ Molivers“ на Технолошко-металуршкиот факултет при УКИМ во Скопје во соработка со Катедрата за романски јазици и книжевности при Филолошиот факултет „Блаже Конески“ на УКИМ во Скопје, Францускиот институт во Скопје и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Во понеделникот на 17 октомври, во главниот хол на НУБ се случи „Моливерзум“, како спој на мода и модерна технологија, дополнето со литературни цитати од делата на Молиер отпечатени на паноа и витрини во кои се изложени различни изданија на Молиеровите дела по избор на библиотеката.

2

На овој настан присуствуваа гости од дипломатскиот и образовниот свет, како амбасадорот на Франција во Македонија Сирил Баумгартнер, ректорот на УКИМ Никола Јанкуловски, директорот на Француски институт во Скопје Иго Бештел, директорот на НУБ Рахметула Куќи, в.д. деканката на ТМФ Весна Рафајловска. Изложбата привлече и бројни вљубеници на модата и литературата.

11

Главен акцент беше ставен на изложените модни креации на тројцата студенти по моден дизајн од ТМФ, Моника Боцевска, Кристијан Арсовски и Анасатасија Петрески, кои поттикнати од творештвото на Молиер направија модно препрочитување на делови од делата на овој познат француски писател. Нивната менторка, професорката Лидија Георгиева, истакна дека читајќи ги „Тартиф“, „Мизантроп“ или „Дон Жуан“, согледале дека светогледот на Молиер е актуелен и денес во нашиот универзум/метаверзум. „Тоа нè охрабри да замислиме како би изгледале неговите ликови денес, со користење на модерната технологија, а со тоа на еден оригинален начин да го одбележиме и јубилејот од неговото раѓање“, вели професорката Георгиева.

 

МОНИКА БОЦЕВСКА

5 monika

„Од Молиер ги избрав цитатите кои се извадок од делото „Мизантроп“. Се инспирирав од суетноста на човечкиот род за која збори Молиер, за лажливото ликување на луѓето кое на моите дизајни го претставив со различни театарски маски. Преку златниот корсет претставив една моја интерпретација на овенат цвет кој Молиер во неговото дело ги споредува луѓето како овенат цвет кога ќе се измешаат во сиот свет. Направив метафора каде симболот на правдата (вага) го претставив преку големите волуминозни ракави и внатре во нив ги внесов тие ликови (лицемерие) со цел да ја претставам неправдата која владее токму како што пишува Молиер. А таа голема корпа, е онаа корпа која во 17-от век сите ја криеле под нивните фустани , па решив да направам контраст и таа да дојде до израз.“

6 monika

КРИСТИЈАН АРСОВСКИ

7 kristijan

„Моите креации се инспирирани од стиховите на Молиер во кои тој го опишува кралот-сонце. Исто така од самиот костим од седумнаесетиот век, од виното, љубовта, поезијата и театрот. Сето тоа во контраст со металниот футуристички отсјај на вселената.“

8 kristijan

АНАСТАСИЈА ПЕТРЕСКИ

9 anastasija
„Секогаш сум инспирирана од пропорциите на женското тело и сакам да се истакнат неговите широки рамена, тенка половина, колкови, и тоа на уметнички, а не на вулгарен начин. Како инспирација и нешто што ми остави впечаток од делата на Молиер беше неговото кажување за љубовта, па како што може да се види на моите креации преовладува црвената боја која е како симбол за истата. Во исто време пробав да го задржам и минималистичкиот стил со футуристички акцент, во кој главна улога има линијата“.

10 anastasija

Целокупната реализација на овој амбициозен и обемен проект чиј што носител е Технолошко-металуршкиот факултет при УКИМ, е остварена под менторство на професорките Лидија Георгиева, Ирина Бабамова и Снежана Петрова.

-Навистина се радувам што успеавме да поставиме квалитетна изложба со интересна содржина и неколку силни пораки. Благодарам на присутните гости за поддршката, беше навистина пријатно задоволство да се сподели нашето искуство од проектот. Следува фазата Париз, која што се надевам ќе биде барем исто толку возбудлива. Секако, со задоволство ќе ве известуваме и споделуваме – изјави професорката и модна дизајнерка Лидија Георгиева после понеделничкото отворање на Моливерзум.

Изложбата ќе биде поставена до крајот на оваа седмица, по што модните дзајнери ќе ја остварат втората фаза од проектот и ќе патуваат за Париз каде што ќе и претстават своите креации. Третата фаза ќе биде презентација и декорирање на излогот на Францускиот институт во Скопје.

12

13

Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • 1 моден монитор

    MY:TIME ја продолжува емотивната приказна „Моменти за нас“ – Пролетна порака која ќе ве натера да застанете

  • fwsk моден монитор

    Преглед на модните ревии и пропратните настани на 32. Моден викенд Скопје

  • 1 Zhou Jin, jewelry by Chen Zijue 6 моден монитор

    Првиот ден на Моден викенд во знакот на кинеската мода и 3D и AI изложба

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • sarastoi

    Македонскиот модел Сара Стои за престижниот магазин Numero Switzerland

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • yes

    Шесто издание на ЈЕС ФЕСТИВАЛ од 14 до 20 мај во Скопје

    мај 12, 2026
  • toska

    Изведба на операта „Тоска“ од Џакомо Пучини на 16 мај во рамките на „Мајски оперски вечери“

    мај 12, 2026
  • 1 K BEAUTY

    Фестивал на корејска убавина за од 8 до 10 мај и едукативни панели со дерматолози и фармацевти

    мај 6, 2026
  • Kiki-Ring-1

    Рачна изработка и премиум материјали: YOVA ја лансираше колекцијата „Блосом“ за пролет-лето 2026

    април 27, 2026
  • 1 (14)

    Мјузиклот „Као какао“ премиерно на 2 и 3 јуни во МНТ

    април 24, 2026

Убавина

  • 1 K BEAUTY

    Фестивал на корејска убавина за од 8 до 10 мај и едукативни панели со дерматолози и фармацевти

    мај 6, 2026
  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024

Живот

  • 1

    Bitola Whisky Fest: Битола како сцена, вискито како причина

    март 31, 2026
  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • winter festival

    Предновогодишнa зимска магија на Winter Festival со многу музика и улична храна пред СЦ „Борис Трајковски

    декември 24, 2025
  • Poster-so-logoa-story_1

    Денеска почнува петтото јубилејно издание на SKOPJE WHISKEY FEST

    ноември 6, 2025
  • KID-EXPO--poster

    Овој викенд е посветен на децата – Во Скопје се случува третото, најголемо и највозбудливо издание на Kid Expo

    октомври 2, 2025

Култура

  • yes

    Шесто издание на ЈЕС ФЕСТИВАЛ од 14 до 20 мај во Скопје

    мај 12, 2026
  • toska

    Изведба на операта „Тоска“ од Џакомо Пучини на 16 мај во рамките на „Мајски оперски вечери“

    мај 12, 2026
  • 1 (14)

    Мјузиклот „Као какао“ премиерно на 2 и 3 јуни во МНТ

    април 24, 2026
  • SAKURA FESTIVAL ПОСТ

    Sakura Festival: Kултурно-едукативен настан инспириран од јапонската традиција ќе се одржи во Скопје

    април 17, 2026
  • ???????????????????????

    Отворањето на 54. Мајски оперски вечери распродадено за рекордни 30 минути!

    април 17, 2026

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics