Симбол на вечна убавина, актерката Моника Белучи изгледа неодоливо во новата фотосесија за италијанското издание на Vogue, додека позира во модните креации на Долче и Габана. Во едиторијалот „Божесвена Моника“, фотографот Себастијан Фаена ја фоторафирал актерката во едно скулпторско ателје Фиренца, кое датира од 1800-тите. Едиторијалот е дел од Alta Moda прилогот на Vogue посветен на колекциите на висока мода, а Моника носи модели од последната alta moda колекција на италијанскиот двоец Долче и Габана, претставена во септемврри годинава токму во Фиренца.
Колекцијата на Долче и Габана и самата фотосесија се прослава на италијанското занаетчиство, а креациите што Моника ги носи на фотографиите се рачно изработени. Моника и на 56-годишна возраст важи за една од најатрактивните жени во светот и изгледа божествено во оваа фотосесија на Vogue.
View this post on Instagram
❤️In a studio in Florence for @vogueitalia November Issue, alta Moda @dolcegabbana Photo by @sebastianfaena Styled by @sofia_achaval Editor In Chief @efarneti Creative Director @ferdinandoverderi Mua @letiziacarnevale Hair @johnnollet Sculpture Studio @raffaelloromanelli #monicabellucci#italianvogue#altamoda#dolcegabbana#sculpture#studio#florence#моникабелуччи A post shared by Monica Bellucci (@monicabellucciofficiel) on
Нема коментари