На јулската насловна страница на италијанско Vogue позираат славната актерка и манекенка Моника Белучи и нејзината 16-годишна ќерка Дева Касел. Носат креации на Долче и Габана, а фотосесијата ја потпишува Паоло Роверси.
Филмската дива Моника и надежната манекенка Дева за прв пат заедно позираат. „Кога ја прашав ќерка ми зошто го сака ова снимање, таа ми даде прекрасен одговор: „затоа што последен пат кога нè фотографираа заедно, јас бев во твојот стомак“, алудирајќи на фотосесијата што Моника ја направила кога била во седмиот месец од бременоста со Дева.
Јулскиот број на Vogue Italia посветен е на 16-годишњаците, возраста на Дева, и тоа што сакаат, како размислуваат, како да ги запознаеме и сфатиме.
Нема коментари