Откако модниот бренд „Гучи“ го најави заминувањето на Фрида Џанини од позицијата креативен директор и главен дизајнер во куќата, почнаа шпекулации и гласини кој ќе ја замени – Рикарди Тиши, Хеди Слиман, Џозеф Алтузара, Кристофер Кејн, Кристоф Лемер или дизјанерките на Мансур Гавриел? Но, откако Џанини наместо во февруари работно место го напушти порано, играта за новиот дизајнер на „Гучи“ доби поинаков тек. Денешните наслови откриваат нешто сосема неочекувано – Том Форд се враќа во „Гучи“! Веројатно мислевте дека никогаш нема да го прочитате овој наслов, ако се земе предвид дека американкиот дизајнер во 2004 година година го напушти брендот „Гучи“ за да се посвети на својата сопствена етикета. Форд за „Гучи“ работеше десет години и за тоа време успеа малку подзаборавениот бренд да го врати на врвот на светската мода. Постојат и мислења дека ова е сосема невозможно, бидејќи Том успешно го развива сопствениот бренд и гради холивудска кариера како режисер. Неочекуван пресврт на настаните или неаргументирани гласини, прашањето кој ќе биде следен дизајнер на „Гучи“ е едно од најжешките во модата во моментов! (К.Т.)
Нема коментари