Канадската супермоделка Дарија Вербови повторно се спои со фотографот Јурген Телер и заедно работеа на уште една рекламна кампања за францускиот бренд „Селин“, овојпат за колекцијата ресорт 2015. Вербови веќе неколку сезони е заштитно лице на „Селин“, а и на овие промотивни фотографии е без шминка или со навистина минимална употреба на козметички производи. Манекенката позира во облека и со новите чанти и накит што Фиби Фајло ги дизајнираше за „Селин“.
Нема коментари