Македонската манекенка Елена Трајановска продолжува да реди успеси на светската сцена, а по снимањето на каталогот за „Мерцедес“, ангажмани за Elle и за козметичката куќа MAC, сега го освојува Њујорк и Њујоршката модна недела. Како членка на модната агенција Supreme, сестринска фирма на нејзината матична агенција Women Management, Елена имаше повеќе кастинзи и настапи на модните ревии на Nicholas K, Карен Вокер, Лела Роуз и на Мескита во модели на колекциите за пролет-лето 2015. Манекенката во изминативе години учествуваше на модните недели во Милано и Париз, носеше креации на високата мода, сними повеќе едиторијали и реклами, сега на ред е да ја освои и њујоршката модна сцена. Направивме селекција на фотографии и видеа на модни ревии на кои се појави напата манекенка.
Нема коментари