Француската модна индустрија изрази поддршка на кампањата Je Suis Charlie, преку изјави и визуелни написи осудувајќи го теророт во париската редакција на сатиричниот весник „Шарли ебдо“, нагласувајќи ја потребата за слобода на говорот. „Слободата на изразување е света работа. Бидете обединети„“ изјави Франсоа-Анри Пино, првиот човек на модниот конгломерат „Керинг“ кој застапува повеќе модни куќи како „Гучи“ и Александар Меквин.
„Слободата на изразување е основната вредност на нашата цивилизација и е од централно значење за било каков вид на создавање, од стрипови на модата“, изјави Крис Ван Аш, креативен директор на машката колекција на „Диор“. Рикардо Тиши од „Живанши“ испрати порака цитирајќи го Волтер „ Не се согласувам со она што го кажуваш, но до смрт ќе го бранам твоето право да го кажеш“. Пораки испратија Жан Пол Готје, Карл Лагерфелд, Карин Ројтфелд, Оливие Рустенг и многу други ликови од фрацуската мода.
Нема коментари