Неуморна и фасцинантна во стилот, 93-годишната Ајрис Апфел позира заедно со топмоделот Карли Клос во рекламната кампања на американската дизајнерка Кејт Спејд за пролет-лето 2015. Фотографиите ја следат ведрината на модните парчиња, чантите и чевлите, направени се во парк од страна на Ема Самертон, а на Ирис и Карли им се придружуваат уште неколку манекенки, еден фин наконтен господин и две црвенокоси близначки. Пред неколку седмици Апфел заедно со блогерката Тави Гевинсон се појави во рекламна кампања за дизајнерот на накит Алексис Битар.
Нема коментари