Келвин Харис можеби е познат по своите хитови и диџејски сетови, а според овие црно-бели фотографии добро се снаоѓа и како модел. Најдобро платениот диџеј во светот е назначен за заштитно лице на пролетната кампања на Емпорио Армани, втората линија на италијанскиот дизајнер Џорџо Армани. Засега се откриени неколку визуели на кои Келвин позира во костум, очила и часовник од машката колекција на Емпорио Армани за пролет-лето 2015, но според фотографиите направени за време на фотосесијата и поставени на профилот на „Твитер“ на шкотскиот диџеј, многуе веројатно дека ќе го видиме и разголен. Кампањата ја сработи фотографот Бу Џорџ.
Нема коментари