Од најавата за соработката на американскиот дизајнер Александар Ванг со шведскиот бренд H&M се појавија неколку фотографии и имиџи од креациите што ќе почнат да се продаваат на 6 ноември, но еве го и комплетниот lookbook. Како што можеше да се насети, во долгоочекуваната колекција преовладува спортски стил, како во женската, така и во машката линија. Тесни фустани, хеланки и панталони што потсетуваат на опрема за нуркање, машки и женски блузони, широки панталони и топли јакни, ранци и капчиња со името на Ванг се клучните парчиња од колекцијата. Покрај тоа што брендот денес ја откри комплетната колекција, за вечер најави модно шоу и забава по повод нејзиното лансирање што ќе се одржи во Њујорк, а може да се проследи на http://wangxhmlive.hm.com/.
Нема коментари