Супермоделот Кристи Тарлингтон Брнс беше присутна на презентацијата на новите производи на технолошкиот гигант Apple и на најавата на датум на продажба на долгоочекуваниот Apple Watch, и во еден момент се качи на сцената заедно со извршниот директор на компанијата Тим Кук. Кристи тукушто се врати од Африка каде што истрча полумаратон носејќи часовник на Apple, како дел од воспоставеното партнерство помеѓу Apple и нејзината хуманитарна фондација која се бори за правата на мајките во целиот свет, Every Mother Counts.
Познатата манекенка преку маратонот и својата фондација сака да ја зголеми свесноста за милиони жени низ светот кои не добиваат вистинска грижа за време на бременоста и дека далечината понекогаш е главната пречка. Најзагрозени се жените од руралните делови од различни области во светот кои понекогаш, дури и додека имаат труднички болки, мора да пешачат со километри за да стигнат до првата болница. Преку трчањето Кристи сака да започне процес на едукација и да собере средства за обезбедување решенија за грижа на сите мајки на овој свет. Како заштитно лице на Apple Watch, сега Кристи и Apple заедно ќе им помагаат на мајките. Иако во првите часови по објавувањето на веста за партнерството компанијата Apple забележа пад од 17 милијарди долари, сепак финансиските стручњаци сметаат дека тоа не е проблем за тек-гигантот, и дека идејата за Кристи како заштитно лице на крајот сепак ќе се исплати.
Нема коментари