• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
моден монитор 0

Музејот на LVMH ќе биде отворен во октомври

Од stylist @StylistMKD · На јуни 24, 2014

1

Првиот човек на корпорацијата за луксузна роба LVMH и воедно најбогатиот Французин, Бернар Арно, уште пред неколку години најави дека планира да отвори музеј на компанијата во Париз, за чии потреби го ангажира славниот модернистички архитект Френк Гери. Денес wwd.com најави дека Бернар Арно отворањето на музејот на Фондацијата на LVMH планира да се случи на 27 октомври оваа година. Големата и впечатлива градба дизајнирана од Гери е сместена во Болоњскиот парк, на работ на Париз.

Долгоочекуваниот музеј што се очекува да ја збогати културната и архитектонска понуда на градот, ќе ја содржи обемната уметничка колекција на LVMH Moët Hennessy Louis Vuitton, а една од мисиите на фондацијата е да го поттикне и промовира уметничкото творештво како во Франција, така и на меѓународно ниво, фокусирајќи се на уметноста од 20 и 21 век. Покрај постојаната поставка, во музејот ќе се одржуваат изложби, перформанси и разни настани поврзани со современите уметности, а се зборува дека сопругата на Арно, Елен, инаку концертна пијанистка, лично ја надгледувала акустиката на просторот.

fondation-vuitton

Музејот на фондацијата на LVMH ќе биде дом на современата уметност од 20 и 21 век

За градбата Бернар го ангажираше канадскиот архитект Френк Гери и специфично побара модерна и стаклена зграда која ќе содржи преку 10 галерија и тераси кои овозможуваат спектакуларен панорамски поглед на Париз. Инагурацијата на овој музеј ќе се поклопи со првата европска ретроспективна изложба на архитектот, најавена за 8 октомври во Музејот Помпиду.

Зборувајќи за основањето на фондацијата, Арно нагласи дека ова е начин како да се демонстрира како „неверојатниот економски успех на групацијата е заслуга на извонредниот успех на дизајнерите на LVMH“. Тој сака да оддаде почит на јавностра и на вработените, а јавноста всушност ќе добие можност бесплатно да го посети музејот три дена пред официјалното отворање. Арно исто како и градоначалникот на Париз, Ан Хидалго, со овој проект сака градот да го засили своето позиционирање како светски главен град на современото уметничко и архитектонско творештво.

skica na Frenk geri za izgledot na muzejot

Кога му била дадена задача на Френк Гери да го дизајнира музејот, прво помислил на Марсел Пруст и набрзина скицирал апстрактна, скоро нејасна форма од која подоцна ја развил идејата за изгледот на градбата

Големиот ривал на Арно, Франсоа Пино од групацијата „Керинг“, исто така најавува уметничка фондација и слична градба во центарот на Париз, за што ќе го ангажира познатиот аритект Тадао Андо. За потсетување, LVMH на Бернар Арно ги застапува брендовите „Луј Витон“, „Диор“, „Живанши“, Марк Џејкобс, „Моет“, „Селин“, Хенеси, „Фенди“, „Дом Перињон“, „Кензо“, „Таг Хоуер“ и уште многу други брендови за мода, козметика, парфеми, луксузни пијалоци и часовници. „Керинг“ пак ги менаџира „Гучи“, „Баленсијага“, Стела Макартни, „Сен Лоран“, Александар Меквин,  „Пума“, „Ботега Венета“, „Бринои“, „Бушерон“ и други. (К.Т.)

Бернар АрноЛуј Витонмузеј на LVMHПаризФондација на LVMHФренк Гери
Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • united fashion showroom моден монитор

    Oбединети балкански дизајнери на шоурум со триесет европски брендови

  • my time (5) моден монитор

    Фотосесија Watercolor на MY:TIME со фокус на часовникот G-Shock

  • 1 моден монитор

    Минималистички стајлинзи во црна боја за оваа преодна сезона

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • ana de armas

    Францускиот боб на Ана де Армас најавува еден од трендовите на фризури за 2021

Модна азбука

  • Poncho

    ПОНЧО – префрлена наметка со отвор за глава

    ноември 20, 2020

Видео

  • iris van herpen

    Iris Van Herpen: Roots of Rebirth Collection

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • 3

    Седум идеи со широко карирано сако за овој март

    март 1, 2021
  • handmaids tale

    Нов трејлер и конечен датум за четвртата сезона на Handmaid’s Tale

    март 1, 2021
  • bienale

    МСУ со отворен повик за престојното 13. Биенале на млади уметници

    март 1, 2021
  • GOLDEN GLOBES

    Црвениот килим на „Златен глобус“ годинава во виртуелен формат

    март 1, 2021
  • united fashion showroom

    Oбединети балкански дизајнери на шоурум со триесет европски брендови

    февруари 26, 2021

Убавина

  • ECNERIN UreaRepair

    Уреа – ефикасна состојка која се грижи за нега на сувата и груба кожа!

    февруари 24, 2021
  • BeautyFridge

    Кои козметички производи треба да ги чувате во фрижидер

    февруари 11, 2021
  • dior rouge (1)

    Натали Портман во новата кампања за кармините на Dior

    февруари 2, 2021
  • 1 guerlain

    GUERLAIN: Ајде да зборуваме за природна убавина

    јануари 28, 2021
  • EUCERIN Hyaluron_Filler_Skin_Refining_Serum

    Eucerin Hyaluron-Filler Серум за намалување на порите: За кристално сјајна кожа и по првите знаци на стареење

    јануари 27, 2021

Живот

  • Baked-Feta-Pasta

    ТикТок рецепт: Тестенини со потпечено фета сирење

    февруари 18, 2021
  • maldivi

    Хотелот Waldorf Astoria на Малдиви има најдобра Инстаграм содржина според Forbes

    февруари 17, 2021
  • chloe ting

    ФИТ ФОРМА: Вежби за тенок струк и заоблен задник

    февруари 16, 2021
  • Iqos 4 (1)

    IQOS – алтернатива за возрасните пушачи развиена врз база на научни докази

    февруари 8, 2021
  • nikotin 2

    Зошто пушиме – навика, зависност или да се биде во тренд?

    февруари 3, 2021

Култура

  • handmaids tale

    Нов трејлер и конечен датум за четвртата сезона на Handmaid’s Tale

    март 1, 2021
  • bienale

    МСУ со отворен повик за престојното 13. Биенале на млади уметници

    март 1, 2021
  • vanity fair (1)

    Светот на фантазијата во холивудското издание на Vanity Fair

    февруари 24, 2021
  • daft punk

    Крај на една музичка ера – Дуото „Дафт Панк“ најави разделба преку видео

    февруари 23, 2021
  • Emma-Stone-Red-Dress-in-Disney-Cruella-Trailer

    Ема Стоун како Круела де Вил – амбициозна дизајнерка со панк-рок стил

    февруари 19, 2021

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања убавина улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics