Постојат парчиња кои важат за модна класика и треба да бидат дел од женскиот гардеробер, како на пример беж мантил, класична кошула и елегантно здолниште. Токму такви безвременски модни парчиња промовира Оливија Палермо во пролетната рекламна кампања на италијанската етикета Max&Co., дел од компанијата Max Mara. Палермо сними и видео во кое отркива дека нејзиниот стил го дефинира како еклектичен и базиран на елегантни и структурални елементи. Таа ја нагласува важноста од неколку парчиња облека што секоја жена треба да ги поседува, како елегантно смокинг-сако, здолниште со должина до колена, убав часовник и впечалив накит. Способноста на Палермо да ја модернизира класичната естетика на смел начин ја прави вистински моден амбасадор на брендот Max&Co.
Нема коментари