Шведкиот бренд H&M ја сака музиката и за промовирање на новата линија ја ангажира поп пејачката Флори која носи креации на брендот инспирирани од стилот на 80-тите и 90-тите во својот спот Too Young ti Remember. „Возбудена сум што се појавувам во новата кампања на H&M. Ми се допаѓа кампањата затоа што се однесува на музиката, а мене музиката ми е сè во животот. H&M е бренд што отсекогаш сум го сакала и каде што сум купувала облека. Стилот значи нешто различно за секого. И музиката и модата се начини за изразување на себеси креативно, а и двете се многу лични работи“, вели Флори во врска со партнерството со модниот гигант.
Нема коментари