Концептуалната продавница Lotus Design Store во кој се сконцентрирани повеќе дизајнерски имиња од домашната сцена, од денес го почнува десетдневниот празничен „Дизајн маркет“ промовирајќи уште пет модни автори кои се придружуваат на 28 дизајнери кои што се дел од продавницата сместена во „Скопје сити мол“. На „Дизајн маркет“ сега може да ги видите и рачно изработените производи со најразлични техники на Јасмина Главинчев, Мимa Пејоска, Елизабета Костова, Шадија Дервишиќ и Глигор Кузмановски, а посетителите ќе имаат можност по празнични цени да купат парче накит, шапка или чанта со македонски потпис. Во Lotus Design Store деновиве ве очекуваат новогодишни попусти на сите изложени производи, а можеби токму овде може да пронајдете новогодишен подарок или избор за празничен изглед.
Нема коментари