Модните куќи продолжуваат да ги презентираат рекламните кампањи за колекциите за пролет-лето 2015. Деновиве беше актуелно ангажирањето на австралиската супермоделка Џема Ворд како заштитино лице на „Прада“ и која што ја фотографираше Стивен Мајзел. Манекенката направи пауза од шест години, но се појави како гостинка на ревија на „Прада“ и сега преку оваа кампања најавува дефинитивно враќање на сцената. Уште една модна куќа ангажираше манекенка со завидна кариера, односно полската моделка Малгосија Бела е заштитно лице на новата кампња на „Гучи“ фотографирана од тандемот Мерт и Маркус. Една фотографија од промотивната реклама откри и модната куќа „Диор“, повторно се ангажирани неколку манекенки како Џулија Нобис и Натали Вестлинг, кои се фатени вертикално, а се претпоставива дека наскоро ќе биде објавено главното заштитно лице на пролетната кампања. Кај „Фенди“ креативниот директор на брендот Карл Лагерфелд редовно го фотографира рекламниот материјал, така е и овојпат во пролетната кампања в кога се појавува моделката Линдзи Виксон.
Нема коментари