Модната куќа Александар Меквин ја лансира рекламната кампања за есен-зима 2014/15, а во неа повторно ја ангажира британската манекенка Еди Кембел. Фотографот Стивен Клајн направи серија на фотографии со малку мрачна, но сонлива атмосфера која потсетува на приказни од страниците на стари готски книги. Манекенката Еди позира во стара куќа заедно со коњ и е облечена во раскошни бајковидни креации на Сара Бартон која што дизајнира за Александар Меквин.
Нема коментари