Наградите на Советот на американски модни дизајнери (CFDA) важат за најпрестижни во американската мода, но имаат огромно влијание и на глобалната сцена. Овогодинешното доделување се случи вчера во Њујорк, а главната награда за најдобра женска колекција им припадна на сестрите Ешли и Мери-Кејт Олсен за нивниот бренд The Row. Том Форд доби награда за најдобра машка колекција, а Табита Симонс за модни додатоци. Компанијата „Сваровски“ ги награди Роси Асулин, Шејн Оливер (Hood by Air) и Рејчел Мансур и Флоријана Гавриел (Mansur Gavriel), а Бетси Џонсон ја доби животната награда што го носи името на Џофри Бин. Интернационалната награда им припадна на Марија Грација Кјури и Пјерпаоло Пичоли, главните дизајнери на „Валентино“. На настанот повеќето гостинки дојдоа во друштво на дизајнерите чии креации носеа, а на црвениот килим доминираа бели, црни и црвени фустани, цветкави креациии и голем број на изгледи со панталони.
Викторија Бекам со Хамиш Боулс од Vogue
Том Форд
Ана Винтур со ќерката Би
Криси Тајген во друштво на Стјуарт Вајцман
Бетси Џонсон акробатка на црвениот килим
Лили Олдриџ
Џулиет Луис со Кристијан Сиријано
Фарел Вилијамс со сопругата
Дајан Кругер
Џиџи Хадид со Закари Квинто
Џанел Моне
Нема коментари