Супермоделката од 60-тите години Твиги е именувана за ново заштитно лице на козметичкиот гигант L’Oréal. Манекенката што се смета за првиот супермодел во модата ќе го промовира Majirel High Lift, нова формула на производoт за боење на руса коса, а компанијата веќе објави една фотографија и видео од кампањата со Твиги. „Мојата коса отсекогаш ми била многу важна и е голем дел од мојот имиџ во текот на годините. Се надевам дека ќе ги инспирирам жените да бидат сигурни во својот личен стил и никогаш да не се плашат да пробаат нешто ново“, изјави 65-годишната модна легенда. За потребите на кампањата Твиги повторно се спои со познатиот фризер Даниел Галвин кој пред 40 години ја трансформираше во блондинка.
Нема коментари