Познатата супермоделка Кејт Мос е ѕвезда на декемврискиот број на британски Vogue. По пресрет на нејзиниот 40-ти роденден уредниците на магазинот ѝ посветија насловна страница, неколку модни едиторијали и написи под називот „Во светот на Кејт“. Иако е доста приватна личност, ретко дава интервјуа и не открива многу лични работи, манекенката ја покани модната директорка и стилистка Кејт Фелан во својот дом и двете разговараа за едиторијалите од магазинот. Мос откри детали за нејзината страст кон модата и дотерувањето, за сликањето за Playboy, за сопругот Џејми Хинс и мажите во нејзиниот живот кои во декемврискиот број се фотографирани од страна на Дејвид Бејли и за нејзината прва љубов, фотографот Марио Соренти.
Разговорот е снимен во видеото што го објавуваме, а подолу се дел од модните едиторијали од новиот број на британски Vogue на соработуваше со славниот Марио Тестино. Во бројот има и напис со омилените нешта на Кејт, како и фотосесија на која Мос и Фелан заеднички работеа како стилисти.
Нема коментари